|
Назив на студиите: ПОСЛЕДИПЛОМСКИ (МАГИСТЕРСКИ) И ДОКТОРСКИ СТУДИИ ПО ФОЛКЛОРИСТИКА.
Студиите се мултидисциплинарни и припаѓаат на подрачјето на хуманистиката, а во рамките на тоа подрачје се од областа на фолклористиката (теорија и историја на фолклористиката, споредбена фолклористика).
Носител на студиите и сродни установи кои учествувааат во иницирањето и изведувањето на постипломската магистерска и докторска програма
Носител на студиите е Институтот за фолклор "Марко Цепенков" во Скопје, а во нивното подготвување и изведување учествуваат наставници и научници од Институтот. Во иднина предвидено учество во наставата на наставници и научници од Институтот за етнологија и Катедрата за етнологија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.
Институциска стратегија за развојот на постипломската магистерска и докторска програма
Предложените Последипломски магистерски и докторски студии, особено од подрачјето на фолклористичката наука, со својот развој би ја осмислувал улогата и функцијата на студиите на другите / странските фолклористики, како и компаративната фолклористика, во македонските академски заедници, па и во контекстот на македонската култура воопшто. Покрај веќе развиените фолклористички студии, тие македонската фолклористичка наука и култура би ги држеле отворени за вредностите на другите култури, грижејќи се пред сé за кадровската обнова на Институтот, но и за образувањето на нови стручњаци, па и за развивање на неофолклористички истражувања. Со својата пак веќе потврдена мултидисциплинарна насоченост современите Последипломски студии по фолклористика би се ориентирале кон во светот актуелните културно-научни искуства (културални студии, медиски и комуникациски теории, интеркултурна комуникација, итн.).
Услови за упис на студиите
За упис на магистерски студии потребни се следниве документи
- Пријава
- Уверение за завршени додипломски студии
- Диплома за завршени додипломски студии
- Познавање на еден странски јазик
- CV
За упис на докторски студии потребни се следниве документи
- Пријава
- Уверение за завршени постдипломски студии
- Диплома за завршени постдипломски студии
- Примерок од евентуални објавени научни трудови
- CV
Дополнителни информации во врска со студиите може да добиете на 02-3080-176
Компетенции кои студентот ги стекнува по завршувањето на студиите, можности за продолжување на научно-истражувачката работа, можности за пост-докторско усовршување, и можности за вработување во јавниот и приватниот сектор
Со обраната на магистерската теза и докторската дисертација, на кои им претходат следење на наставата на магистерските студии, индивидуална работа со менторот и другите наставници, учество на научни собири и евентуална научноистражувачка работа на проекти, студентот стекнува способност за самостојно бавење со научна работа и решавање на најсложените задачи на подрачјето на хуманистичките науки, на она поле, односно онаа гранка за која се определил на студиите, но да има увид и на други полиња, односно гранки застапени на студиите. Студентите можат да продолжат да се усовршуваат на постдокторски престои во странство, а пожелно е и да се иницира програма за постдокторско усовршување во Институтот за нашите и надворешните кандидати. Со стекнат магистериум и докторат по фолклористика може да се работи во научно-наставни и научни установи, на уметнички академии, во театарски и филмски установи, архиви, научни и јавни библиотеки, историски заводи, во државната и локалната управа, како и во отсеците за култура, дипломатија и просвета, на радиото и телевизијата и воопшто во медиумите, во КУД, домовите на култрурата, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, високообразовните институции, Факултетот за туризам, аудио и видео продукциските куќи итн.
Превземете ја целокупната програма за Постдипломски и Докторски Студии 1.34 Mb
|