Испечати Е-пошта
ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР "МАРКО ЦЕПЕНКОВ" - СКОПЈЕ
Б И Б Л И О Г Р А Ф И Ј А
на
ИЗДАНИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА ФОЛКЛОР
"МАРКО ЦЕПЕНКОВ" - СКОПЈЕ
Период 2003-2008 година


2003. Пиличкова, Севим. Фолклорниот лик на Насрадин оџа. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2003. Посебни изданија, кн. 51. (Турска народна книжевност. Приказни и анегдоти за фолклорниот лик на Насрадин оџа. Критика. Македонска народна книжевност).

2004. Ановска, Клеанти. Влашките народни приказни од Струшко. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2004. Посебни изданија, кн. 54. (Истражувања од областа на социокултурната антропологија на Власите. Социогеографски карактеристики на Струшко. Современата состојба на влашките народни приказни од Струшко. Типолошка класификација на приказните според меѓународниот индекс на Aarne-Thompson).

2004. Пиличкова, Севим. 101 анегдота за Насрадин-оџа од Македонија. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2004. Посебни изданија, кн. 52. (Анегдоти регистрирани на турски јазик од раскажувачи Македонци и Турци. Раскажувачи билингвисти. Откривање на формалните и суштинските промени при преминувањето на текстовите оде ден јазик на друг. Доминација на главниот јунак и други адаптации на усните текстови).

2004. Величковски, Боне. Француски пословици и нивните македонски еквиваленти. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2004. Посебни изданија, кн. 55. (Предговор. Индекс на француските пословици. Индекс на македонските пословици и поговорки. Библиографија. Извори и кратенки).

2005. Грчев, Кокан. Аспекти на културните традиции: Архитектурата меѓу традициите и модерноста. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2005. Посебни изданија, кн. 61. (Стилски, технолошки и идеолошки посредувани форми. Поимање на синтезата кон создавање интегрално уметничко дело. Релациите помеѓу традициите имодерноста при градењето на нова методологија во истражувањето на архитектонските правци).

2005. Grčev, Kokan. From Origins to Style: Macedonian architecture at the end of 19th and the begining of 20th Century. Skopje: Institute of folklore "Marko Cepenkov", 2005. Special editions, vol. 61. (Теориски перспективи и методолошки аспекти во македонската архитектура. Стилски формации и стилски тенденции во архитектурата на релација Европа-Балкан. Преродбенскиот стил во македонската архитектура. Националниот стил во македонската архитектура. Фолклоризмот и архитектурата).

2005. Петреска, Весна. Систем на сродство кај Македонците. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2005. Посебни изданија, кн. 59. (Сроднички односи и теориски принципи на терминологијата поврзани со сродството. Крвно сроднство. Сродство по брак или сватовство. Вештачко сродство. Духовно сродство. Социјален аспект на сродничките односи).

2005. Пиличкова, Севим. Функцијата на формулите во турските народни приказни. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2005. Посебни изданија, кн. 50. (Приказни - формули: иницијални, медијални и финални. Типолошка класификација на приказните според меѓународниот индекс на A. Aarne - S. Thompson).

2005. Стојановиќ-Лафазановска, Лидија. Методи на истражување на фолклорот. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2005. Посебни изданија, кн. 60. (Ново поимање на народната култура и промена на менталитетот. Градот и контактот со техниката, одн. технолошките иновации преку брзиот развој на медиумите обозможија да дојде до пресврт во однесувањето на човекот, а со тоа и до промена на традиционалниот хоризонт на фолклорното творештво. Истражување на раскажувањето при современ начин на живеење во ургана средина согледано како културна пракса).

2005. Величковски, Боне. Руско-македонски и македонско-руски пословици. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2005. Посебни изданија, кн. 58. (Предговор. Дел I - Руско-македонски пословици. Индекс на руските пословици. Дел II - Македонско-руски пословици. Индекс на македонските пословици. Библиографија - извори - кратенки).

2005. Џимревски, Боривоје. Градска инструментална музичка традиција во Македонија. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2005. Орска и инструментална традиција, кн. 7. (Традиционални форми на градскиот музички живот во Македонија. Забава, Матине, Повечеринка. Кермес. Рефене. Серенади. Соколски организации и друштва. Железничарски музички друштва).

2006. Лафазановски, Ермис. Митови за создавањето на светот. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2006. Посебни изданија, кн. 62. (Теории, правци, методи, класификации. Персиски митови. Вавилонски свет. Јудео-христијанскиот почеток. Грчката филозофија на создавањето. Индиските веди и создавањето. Египетската вистина за создавањето. Кинескиот хаос и ред. Јапонските митови. Американски митови. Архаичните митови на Полинезија. Митовите на старите африкански племиња. Тефтонските митови за создавањето).

2006. Муртезани, Изаим. Митски елементи во албанскиот и македонскиот јуначки епос и балада. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2006. Посебни изданија, кн. 64. (Теоретски рамки на истражувањето на митот. Митологијата и нејзините општи особености. Релации меѓу епосот и некои други сродни жанрови. Епосот и митот Епосот и обредот. Епосот и иницијацијата. Добороволната смрт како своевидна етичка категорија. Епосот и приказната. Епосот и историјата. Демонолошки митски суштества. Зооморфнии митски суштества).

2006. Петровска-Кузманова, Катерина. Текст и менталитет. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2006. Посебни изданија, кн. 65. (Театар, театралност, перформанце - терминолошки согледби. Методологија на проучување. Театарски елелементи во фолклорот. Театарски елелементи во прозното народно творештво. Театарски елелементи во народната поезија. Театарски елелементи во баењата. Театарски елелементи во обредите).

2006. Пиличкова, Севим. Симболиката на наративните елементи во турските приказни од Македонија. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2006. Посебни изданија, кн. 67. (Симболичното значење на наративните елементи. Поделба на ликовите според активностите во сижетните дејства. Добри и лоши аспекти на ликовите. Внатрешни обележја и надворешна форма кај ликовите. Внатрешни квалитети на јунакот. Мотивот жива вода. Мотивот на предестинационизмот. Симболиката на огнот. Активни и пасивни аспекти на ликовите. Духовни и физички одлики на ликовите. Растителни симболи: јаболко, калинка, поротока. Космичкото дрво. Змијата во нарацијата. Сонцето како натприродно суштество. Симболиката на волшебните предмети во нарацијата: стаклен мост, стаклен ковчег. Живот и смрт во приказните. Свадбата во нарацијата).

2006. Современата состојба на фолклорот во Охридско-струшкиот регион. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2006. Посебни изданија, кн. 63. (Географски карактеристики на Охридско-струшкиот регион. Истражување на баладите од аспект на антропологијата на родот. Волшебните приказни. Кратките жанрови и детскиот фолклор. Народната драма. Посмртниот обреден комплекс кај Албанците. Современата состојба на турската фолклорна традиција. Современата состојба на влашкиот фолклор. Современата состојба на ромскиот фолклор. Женското обредно пеење. Медијаторите во обредите од животниот циклус. Новогодишниот обреден комплекс. Традиционалната носија. Народната архитектура).

2006. Стојановиќ-Лафазановска, Лидија. Хоризонти на народната култура. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2006. Посебни изданија, кн. 66. (Меѓународната типолошка класификација и компаративната книжевност. Народното верување и баладата за вградената невеста. Динамика на културата - динамика на смртта. Народната култура и модерната. Аспекти на фолклорот - кон историјата и перспективите на една научна дисциплина. Од Цар Филип до Александар Велики. Аспекти на истражувањето на усната автобиографија. Биографски рез и теорија на хабитусот).

2007. Ановска, Клеанти. Влашките народни приказни од Источна Македонија. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2007. Посебни изданија, кн. 69. (За животот на Власите во Источна Македонија во однос на оние од останатите региони во Македонија. Номадската традиција на Власите. Промена на номадскиот живот со стациониран начин на живеење со прифаќање на земјоделството, а подоцна и на други дејности за обезбедување на животна егзистенција. Народното творештво во тој контекст. Традиционалната структура во формирањето на текстот и тенденцијата кон адаптација на традиционалните сижети и мотиви кон современите услови. Разновидност народна проза: приказни за животни, волшебни приказни, реалистични, анегдоти и кумулативни приказни. Истите содржат интернационални мотиви коишто имаат соодветство во меѓународниот индекс на Aarne-Thompson. Улогата на нараторот и неговиот афинитет при раскажувањето. Умешноста на нараторот во употребата на иницијалната формула, спојување на уводот, редоследот на епизодите како и употребата на медијалната и финалната формула, како важни елементи кои придонесуваат за согледување на естетските карактеристики на приказнениот текст).

2007. Малинов. Зоранчо. Традицискиот народен календар на Шопско-брегалничката етнографска целина. Скопје, Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2007. Посебни изданија, кн. 68. (Теориски рамки за истражување на народниот календа. Идеалтипска дескрипција на Шопско-брегалничката етнографска целина. Божиќно-новогодишен обреден комплекс. Покладен обреден комплекс. Ранопролетен обреден комплекс. Среднопролетен обреден комплекс. Каснопролетен обреден комплекс. Летен обреден комплекс. Есенски обреден комплекс. Народниот календар како обредн систем. Економски аспект на народниот календар. Социјален аспект на народниот календар).

2008. Петреска, Весна. Етнографија на современиот семен живот во македонското семејство. Скопје: Институт за фолклор "Марко Цепенков", 2008. Посебни изданија, кн. 70. (Традицискиот систем на вредности во семејствата и сродничките односи во ритуална пригода. Сродничките односи во прериодот од 90-те години на ХХ век до денес. Традицијата во одбележувањето на животните промени. Обреди поврзани со раѓањето и детството. Обреди поврзани со смртта и посмртниот обреден комплекс).