Избор на охридски трубадурски песни со застапени турцизми
Александра Кузман и Актан Аго
Клучни зборови:
Охрид, чалгија, трубадури, песни, турцизми
Апстракт:
Охридските чалгиски трубадурски песни, коишто биле дел од репертоарот на неколку охридски чалгиски генерации, пред сè, во втората половина на 19 и на почетокот на 20 век, се одраз на времето во коешто биле создадени и најинтензивно негувани. И покрај промените што се случиле во контекстот на негување, но и во начинот на негување, тие песни се пеат и денес. Во нив се опеани вистински личности од охридското градско секојдневие, а е застапен типичниот охридски дијалект. Но, она што е навистина интересно да се анализира е застапеноста на турцизмите, коишто умешно се вклопени во текстуалната структура на песните, како логично следење на долговековното заедничко македонско-турско живеење на овие простори, коешто придонело турцизмите да останат како неодвоив дел од секојдневниот градски дијалект. Во трудот ќе се дадат соодветни примери на турските јазични елементи, застапени во стиховите на неколку попознати охридски трубадурски песни.
