Повик за испраќање на трудови за списанието „Македонски фолклор“

Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје започна за првпат да ја издава својата специјализирана научна фолклористичка публикација Македонски фолклор во 1968 година како полугодишно списание. Списанието до денес ја задржува традицијата на излегување два пати годишно, со трудови на македонски и на англиски јазик, а од 2022 година е достапно и во електронска форма.

Како суштински дел на работата на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, списанието Македонски фолклор е рефлексија на фолклористичката проблематика, па затоа во негови рамки се објавуваат научни трудови, материјали, огледи, портрети на наши истакнати фолклористи или прочуени раскажувачи, трудови од научни собири и симпозиуми од областа на  фолклорот на другите народи во Македонија, како и од областа на фолклорот на јужнословенските и на балканските народи воопшто. Во последните години, списанието исто така третира и фолклористички теми во интердисциплинарен контекст.

Во рамките на списанието се добредојдени научни трудови кои можат да се однесуваат, но не и да се ограничат, на следните релевантни теми:

  • односот меѓу усната и пишаната книжевност;
  • традицијата во спрега со современите практики и обичаи;
  • кратките форми и нивното значење во народната книжевност;
  • фолклорните матрици во современата драма;
  • фолклорните елементи во народната архитектура и нивното значење;
  • истражувања на народните инструменти и вокалната музика;
  • актуелноста на народните ритуали и обичаи во современо доба;
  • митот и обредните практики;
  • знаците и симболите во традиционалната култура;
  • фолклорот низ историјата;
  • интердисциплинарни и интермедијални проучувања на фолклорот.

Трудовите кои се објавуваат во списанието подлежат на рецензија. Списанието има меѓународен уредувачки одбор составен од седум членови од Република Северна Македонија и седум членови од странски земји (Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Полска, Словенија, Русија и Хрватска). Дел од броевите се финансиски подржани од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Авторите се охрабруваат  строго да се придржуваат до упатството за уредување на трудови, а за сите дополнителни прашања и дилеми, контактирајте го главниот и одговорен уредник, доц. д-р Кристина Димовска на izfmarkocepenkov@gmail.com

Call for papers for the Journal Macedonian Folklore

The Journal “Makedonski folklor” was first published in 1968 as a reflexion of the research and scientific practices of the “Marko Cepenkov” Institute of Folklore in Skopje, Republic of North Macedonia. The Journal continues to be published twice a year, with papers in Macedonian and in English, and from 2022 it is available in electronic format.

The Journal consists of an International Editorial Board with seven members from the Republic of North Macedonia and seven members from Serbia, Albania, Bosnia and Hercegovina, Poland, Slovenia, Russia and Croatia. Some volumes have been financially supported by the Ministry of culture of the Republic of North Macedonia.
All papers are reviewed before publication. We strongly urge all future authors to carefully follow the instruction manual for text formatting.

For any additional questions, please contact the Editor-in-Chief, Ms Kristina Dimovska on izfmarkocepenkov@gmail.com.

ISSN 2671-3993
https://doi.org/10.55302/MF