Куси интернет-форми (видеоклипови) и музика со текст на дијалект

Нина Аксиќ

Клучни зборови:

Србија, видеоклипови и музика со текстови на дијалект, традиционални теми, модерен алтернативен феномен, културолошко читање

Апстракт:

Основата на овој труд ја сочинуваат темите на кусите интернет-форми (видеоклипови) со кои се занимаваат јутјубери/тиктокери и автори/изведувачи на песни со текстови на разни дијалекти во Србија, односно, истражувачкиот корпус го претставуваат куси видеоклипови од мрежите Јутјуб и/или Тик-Ток, музички точки од Јутјуб и сл. Во трудот се разгледува општата прифатеност на овој жанр од страна на населението на Србија, како и причините за експанзијата на снимањето на вакви содржини: се претставуваат и се анализираат не само темите со кои се занимаваат модерните алтернативни уметници, туку се востановуваат и причините поради кои е настаната експанзијата на овој жанр, особено кај младата популација, бидејќи во претходниот период темите од народниот живот, особено со употреба на дијалект во јавните настапи, беа сметани за архаични. Со оглед на тоа дека видеоклиповите и музиката со која ќе се занимаваме го претставуваат традиционалниот живот, од гледна точка на жител на внатрешноста на Србија, употребата на вакви теми на дијалект можеме да ја поврземе со желбата за автентичност, како и со потребата за територијална идентификација, но таа може да се гледа и како некаков вид бунт спрема системот. Овој алтернативен правец, како музички, така и аудиовизуелен, претставува своевиден жанр, кој може да послужи и како материјал за исчитување на одредени елементи на традиционалниот, но и на современиот живот на младите „провинцијалци“. Значи, сите спомнати сегменти во трудот се согледуваат од антрополошкоетнолошки аспект.

Published: 11/2025

Нина Аксиќ