Модификации на преданието за основањето на македонската кралска династија на Аргеадите

Катерина Младеновска-Ристовска

Клучни зборови:

македонска династија Аргеади, Пердика, Каран, Архелај

Апстракт:

Според најстариот запис на преданието за основањето на македонската кралска династија на Аргеадите, нејзин основоположник бил кралот Пердика. Кај подоцнежните се забележува дополнување на македонската кралска листа, најпрвин со Каран, како основоположник, а подоцна и со други владетели пред Пердика. Во трудот се осврнуваме на овие древни, сакрални преданија од традицијата на античките Македонци, кои претставуваат своевидно пресоздавање или обид за творечка реконструкција на основите на македонското древно минато.

Published: 11/2025

Катерина Младеновска-Ристовска