Свадбените обичаи и песни од селото Истибања, Виничко

Бојана Богоевска

Клучни зборови:

претсвадбени обичаи, свадбени обичаи, постсвадбени обичаи, свадбени песни

Апстракт:

Свадбените обичаи спаѓаат меѓу најзачуваните во македонскиот обреден фолклор, проследени со: песни, верувања, кажувања, облека итн. Тие изобилуваат со разновидни форми на изразување и во најголема мера се изведуваат со музичка придружба. Со оглед на тоа дека на свадбите повеќе се застапени песните, наспроти ората, интересот во овој труд ќе биде насочен кон свадбените песни. Во овој труд ќе биде опфатена свадбената песнопојна традиција од селото Истибања, Виничко, едно од местата во Македонија, кое претставува интересен пример на село, во кое најголем дел од обичаите ревносно се чуваат и до денешен ден. Преку анализа на главните сегменти на свадбените обичаи, придружени со песни, свадбата ќе биде претставена преку три фази: претсвадбени обичаи, свадбени обичаи и постсвадбени обичаи. На овој начин ќе се прикаже не само значењето на песната, туку и нејзината улога како суштински дел од свадбената традиција.

Published: 11/2025

Бојана Богоевска