February 2022

Геометриските мотиви во македонската традиционална текстилна орнаментика – книга на проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова

Од печат излезе книгата со наслов „Геометриските мотиви во македонската традиционална текстилна орнаментика – класификација, типологија и семантика“ од авторката проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова. Трудот е насочен кон орнаментиката на текстилот т.е. кон ликовните мотиви со кои, преку неколку технолошки постапки, биле дополнувани текстилните предмети и тоа поради остварување на неговата визуелност и знаковност. Текстилната орнаментика во книгата е обработена во рамките на елементите на облеката, покуќнината и одредени сакрални предмети и тоа на неколку нивоа. Во фокусот на истражувањето, главно се наоѓаат предмети кои потекнуваат од средината на XIX век до средината на XX век, при што се споменати и некои примери од антиката и од средниот век.

Геометриските мотиви во македонската традиционална текстилна орнаментика – книга на проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова Read More »

НОВ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“

Со гордост објавуваме дека од печат излезе јубилејниот 80. број на списанието „Македонски фолклор“! Во овој број ќе имате можност да прочитате трудови кои беа презентирани на научниот собир „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“, како и неколку други статии и прилози.

Списанието „Македонски фолклор“ се публикува уште од 1968 година кога беше публикуван првиот број, а денес со бројот 80, го потврдуваме континуитетот во научно-истражувачката и издавачката дејност од областа на фолклорстиката!

НОВ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“ Read More »