Транзицијата на обредните водичарски песни, во Западна Македонија (по примерот на селото Битуше, Долна Река) од крајот на XX век до денес

Мелита Ивановска

Клучни зборови:

културна транзиција, социјални промени, модернизација, традиционални практики, обредни песни

Апстракт:

Културната транзиција е неизбежен процес кој произлегува од промените во општеството. Модернизацијата воведува нови карактеристики, целосно заменувајќи некои општествени форми, каде што притоа се задржува суштината на традиционалните практики. Овој феномен е евидентен во транзицијата на некои обредни песни од еден во друг општествен период, особено во текот на неколку децении. Во случајот со обредните песни од обредниот циклус за време на празникот Водици во с. Битуше, посебно е интересен преминот од минатото во сегашноста, кој се однесува само на овој жанр пеење. Ритуалите и песните поврзани со Водици сѐ уште живо опстојуваат во с. Битуше, Долна Река. Што се однесува до другите жанрови на обредно пеење (за Ѓурѓовден, свадбени обредни песни и сл.), тие или исчезнале потполно или останале само во колективната меморија на постарите жители. Оваа студија има за цел да ги анализира музичките промени, кои произлегуваат од транзицијата на жанровите на обредното пеење за Водици, каде што се зачувал локалниот идентитет, но и се инкорпорирале нови современи елементи.

Published: 11/2025

Мелита Ивановска