Медиумската презентација на приказните како дел од едукативно-забавната програма за деца
Сузана Мицева
Клучни зборови:
емисии, визуализација, фолклор, деца, телевизија
Апстракт:
Дваесет и првиот век донесе низа технолошки промени, кои влијаеја и на културолошките, но и на социјалните сфаќања на фолклорот како дел од нематеријалното богатство на еден народ. Приказните, кои се споделуваа крај огништето, во кругот на семејството, се преселија во медиумите. Низ илустрации и низ видеоснимки, на децата им раскажуваат актери или презентери, а во некои случаи и деца. На тој начин детето добива аниматор во секое време, запознавање со фолклорот на еден непосреден начин преку соодветни илустрации и анимации, но го губи живиот допир со раскажувачот, најчесто член на семејството, кој ја буди фантазијата на детето доловувајќи му го светот на приказните со своите раскажувачки способности. Во овој труд ќе ги анализираме детските емисии на македонските електронски медиуми – телевизиите и начинот на кој се презентираат приказните на најмладите гледачи.
