Културната дипломатија и современите македонски културни политики во фолклорната традиција (низ примерот на Меѓународниот фестивал за традиционален фолклор „Ѓаковачки везови“ во Ѓаково, Република Хрватска)
Наталија Поповска
Клучни зборови:
културна дипломатија, фолклор, фолклорни фестивали, културна политика, Ѓаково
Апстракт:
Во оваа статија ќе се осврнеме на поимот и на значењето на културната дипломатија во продлабочувањето на македонско-културните и историските врски и за нејзината улога во развивањето на соработка со меѓународните фолклорни фестивали за националната култура да се претстави надвор од границите на државата. Посебен акцент ќе дадеме на учеството на Република Северна Македонија, како земја партнер на Меѓународниот фестивал за традиционален фолклор „ЃАКОВАЧКИ ВЕЗОВИ“ во 2023 година, како пример за спроведување на културната дипломатија во практика.
