Стројник: личност од свадбениот обред што преминува во заборав и во сеќавање
Весна Петреска
Клучни зборови:
стројник, улога и функција, симболички реквизити, обредни простор и време, терминологија
Апстракт:
Во трудот ќе се разгледува улогата на стројникот во македонските свадбени обреди, кој, во минатото, може да се каже дека бил една од главните личности без чија улога не можел да се замисли и понатамошниот свадбен обред. За оваа личност може да се каже дека полека преминува во сеќавањата на информаторите/соговорниците од постарата и од средната генерација, додека кај младата генерација веќе е во заборав. Целта на трудот е да се покаже улогата и функцијата на стројникот што ја имал во свадбата пред целосното заборавање на неговиот лик, симболичките реквизити што ги носел за изведување на обредната процедура, обредните простори и временските периоди кога тој се упатувал да ја изврши неговата функција. Според Пол Конертон, целата обредна изведба со телесните гестикулации на стројникот е во согласност со теоријата на општествено сеќавање преку ритуалните изведби, како и со теоријата на општествено сеќавање преку запишани практики. Разгледувани се и термините што се употребувале и што ни се нам познати во различни краеви во Македонија.
