Народната драма во христијански дискурс

Народната драма во христијански дискурс

Катерина Петровска-Кузманова

Клучни зборови:

мистерии, миракули, моралитети, литургиска драма, Вертеп

Апстракт:

Народната драма во христијански дискурс претставувасинтеза меѓу народната традиција и религиозниот светоглед. Таа се развива воконтекст на длабоката поврзаност меѓу народното верување, христијанскитедогми и обредните практики. Појавата на народната драма во христијанскиотдискурс не претставува судир на два концепти, туку креативен дијалог, низкој се синтетизира тенденцијата христијанската догма да се преобликува вослужба на заедницата. Во рамките на нашето истражување ќе ги разгледаме икарактеристичните форми на изведба, како што се: мистериите, миракулите иморалитетите во кои најдобро се илустрира врската меѓу народната драма ирелигијата, но исто така ќе се осврнеме на литургиската драма, во смисла нанејзината улога за развојот на театарот. Во овој контекст ќе бидат разгледании религиозните драмски изведби, за кои сметаме дека, според нивнитекарактеристики, можеме да ги вброиме во народни драми, а во коинајилустративно се согледува христијанскиот дискурс, како што е Вертеп.Целта на ова истражување е да се покаже дека овие форми на драмскоизразување се вкоренети во народната традиција и претставуваат дел однашата културна меморија.

Published: 04/2026

Катерина Петровска-Кузманова