Терминот „глас“во етномузиколошката литература во Македонија и на балканскиот регион

Терминот „глас“во етномузиколошката литература во Македонија и на балканскиот регион

Мелита Ивановска

Клучни зборови:

„глас“, етномузиколошка литература, пејачки модел, „мекам“

Апстракт:

Во трудот се осврнуваме на поимот глас вотрадиционалната вокална музика во Македонија и на неговата употреба вонародната терминологија и во научното дефинирање. Поимот, кој означувамелодиска линија или пејачки модел на кој се изведуваат, најчесто, обреднитепесни, е длабоко вкоренет во локалната традиција и се јавува во различниконтексти: лазарски или лазарички глас, водичарски глас, свадбарски глас идруги. Преку анализа на достапната литература и на теренските снимки одразлични региони во Македонија, во трудот се истражуваат значењата,локалните варијанти и можните синонимни термини, меѓу кои и мекам,присутен кај Македонците со исламска вероисповед. Целта е да се утврдидали поимот „глас“, во сите средини, ја задржува основната функција намузички модел, и да се осветли феноменот на неговото толкување вонародниот и во научниот дискурс. Истражувањето настојува да придонесе конпојаснување на народната музичка терминологија и кон подлабоко разбирањена локалните концепции за музички модел и музички израз.

Published: 04/2026

Мелита Ивановска