Историски, етнолошки и фолклористички перспективи во истражувањата на Ромите во Европа и во Македонија
Даниел Петровски
Клучни зборови:
народна песна, миграција, етнички идентитети, контекст, конфликт, афект, „мека моќ“
Апстракт:
Истражувањето на Ромите и нивниот идентитет претставувасложен процес, условен од: историските, политичките и културнитеконтексти, во кои се пишувале научните трудови. Историски, Ромите билесогледувани како „чуден народ“, што резултирало со стереотипизација имаргинализација, а терминологијата, особено зборот „Циган/и“, носеланегативни конотации и влијаела врз општествените и научните перцепции. Одадминистративните белешки во периодот од XV до XIX век, до првителингвистички истражувања во Европа, Ромите често биле третирани какопредмет на контрола, а не како автономна културна заедница. Лингвистичкитестудии од XVIII век, особено трудовите на Јохан Кристоф Рудигер и наХајнрих Грелман покажале индиско потекло на Ромите, но ја занемарилекомплексната културна и социјалната реалност.Во јужнословенскиот простор, етнолозите и фолклористите, вопочетокот на XX век, собирале материјали за ромската култура „однадвор“, соограничена анализа на внатрешната перспектива на заедницата.Истражувачите, како што се: Тихомир Ѓорѓевиќ, Раде Ухлик и други, гидокументирале музиката, јазикот и обичаите на Ромите, но често низетноцентрични или дескриптивни парадигми на „другоста“. Современатаромологија, со интердисциплинарни пристапи и со појавата на ромскиистражувачи, како што се: Рајко Ѓуриќ и Трајко Петровски, ги интегриранадворешната и внатрешната перспектива, признавајќи го ромскиот идентитеткако динамичен, комплексен и со културна вредност.Трудот дава систематски преглед на историските и на современитепристапи кон проучувањето на Ромите и на нивниот идентитет, со акцент наетнолошкиот и на фолклористичкиот контекст. Преку анализа на европските ина југословенските истражувачи, како и на современите ромолози, сепокажува како научната методологија влијаела врз конструирањето на сликатаза Ромите, од стереотипизирани претстави кон критички, еманципаторски иинтегративни перспективи.
