Новости

Нашата колешка проф. д-р Лидија Стојановиќ учествуваше на 3th Annual Intercultural Empathy Symposium,  (June 23-25), Northeastern University, Boston

На 25.06.2025 нашата колешка проф. д-р Лидија Стојановиќ учествуваше на 3th Annual Intercultural Empathy Symposium,  (June 23-25), Northeastern University, Boston со интердисциплинарно истражување посветено на автоетнографијата и емпатијата. Да се види: Tatjana Kobb, MD, Lecturer, College of Professional Studies, Boston and Lidija Stojanovic, PhD, Professor, Marko Cepenkov Institute of Folklore, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje, RN Macedonia:  “From Isolation to Advocacy: An Honors Society High Schooler and Medical Student’s Journey Through Animosity and Belonging as a Global Health Professional”.  На следнио0в линк можете да ги проследите активностите поврзано со симпозиумот https://gls.northeastern.edu/intercultural-empathy-symposium/

Нашата колешка проф. д-р Лидија Стојановиќ учествуваше на 3th Annual Intercultural Empathy Symposium,  (June 23-25), Northeastern University, Boston Read More »

Проф. Лидија Стојановиќ е избрана за член Претседателството на Комисијата за фолклористика на Меѓународниот комитет на слависти

На последната седница на Претседателството на Комисијата за фолклористика на Меѓународниот комитет на слависти одржан на 18.06.2025, Проф. Лидија Стојановиќ е избрана за нејзин член поради заслугите во меѓународното промовирање на македонската фолклористика. Целта на оваа комисија е поттикнување на истражувањата на следните начини: создавање експертска мрежа околу групата, предавања и лични представувања на членовите, информирање за сопствените и заеднички научни резултати и трудови, промовирање на работата на групата и целата нејзина област на делување кон пошироката публика, создавање на основни списоци на препорачани извори и литература итн. Ова е голем успех за Инситутот за фолклор „Марко Цепенков“, но пред се’ за македонската фолклористика. Со почетокот на следната академска школска година (2025/2026) ќе продолжат активностите во насока на интензивна соработка и промоција на нашата наука во меѓународниот словенски свет. На линкот можат да се видат досегашните активности https://slavika.org/folklor/ .  

Проф. Лидија Стојановиќ е избрана за член Претседателството на Комисијата за фолклористика на Меѓународниот комитет на слависти Read More »

ОХРИД, 1900 година, низ фотографиите од експедицијата на Н.П. Кондаков во Македонија (изложба на фотографии)

Почитувани пријатели, ни претставува чест да ве поканиме на изложбата со наслов „Oхрид, 1900 година. Низ фотографиите од експедицијата на Н.П. Кондаков во Македонија“, која ќе се отвори на 19 јули, во 20 часот, во Куќата на Робевци, Охрид.Во оваа прилика, во Охрид, еден од најзначајните културни и духовни центри за македонскиот народ на преминот од XIX кон XX век, поставуваме селекција од 50-на драгоцени, ретки стари фотографии токму од Охрид, кои се дел од исклучително значајната колекција фотографии направени од научноистражувачката експедиција на руската академија на науките, предводена од Н. П. Кондаков, која престојувала во Македонија во 1900 година.Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура, во рамки на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2024 година.Особена благодарност до Министерството за култура и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, коо ги препознаа и поддржаа нашите заложби за промоција на Охрид и неговото богато културно-историско минато.

ОХРИД, 1900 година, низ фотографиите од експедицијата на Н.П. Кондаков во Македонија (изложба на фотографии) Read More »

Изложба со наслов „КОНДАКОВ ВО МАКЕДОНИЈА“ (1900 година)


Почитувани пријатели, ни претставува особена чест да ве поканиме на отворање на изложбата со наслов „КОНДАКОВ ВО МАКЕДОНИЈА (1900 година)“. Свеченото отворање е закажано на 4.10.2023 година во КЦ „Магаза“ – Битола, со почеток во 19 часот. Изложбата ќе трае до 16 октомври. 

Инаку колекцијата е дел од Архивска збирка на Институтот за Фолклор „Марко Цепенков“, а истата е подарок од „Институт славяноведения“ при Руската Академија на Науките (Москва). Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, во рамки на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес за 2023 година.

Изложба со наслов „КОНДАКОВ ВО МАКЕДОНИЈА“ (1900 година) Read More »

Нова книга на проф. д-р Родна Величковска и проф. д-р Катерина Петровска-Кузманова

„Лазарската обредно-пејачка традиција во Македонија“ е насловот на најновата книга на проф. д-р Родна Величковска и проф. д-р Катерина Петровска – Кузманова во дигитално ЦД издание. Книгата ги обработува Женските обредни поворки претствуваат дел од традицијата во којaобредните дејства се во тесна врска со песната што ги следи. Тргнувајќи од нераскинливоста на оваа врска, во книгата ќе стане збор за лазарските поворки, при што акцентот на анализата е насочен кон нивната регионална распространетост, а нивните карaктеристики и значења се обработени од повеќе аспекти, при што најголемо внимание е посветено на: функционалната, текстуалната, изведбената и мелопоетската анализа на песните.

Нова книга на проф. д-р Родна Величковска и проф. д-р Катерина Петровска-Кузманова Read More »

Геометриските мотиви во македонската традиционална текстилна орнаментика – книга на проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова

Од печат излезе книгата со наслов „Геометриските мотиви во македонската традиционална текстилна орнаментика – класификација, типологија и семантика“ од авторката проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова. Трудот е насочен кон орнаментиката на текстилот т.е. кон ликовните мотиви со кои, преку неколку технолошки постапки, биле дополнувани текстилните предмети и тоа поради остварување на неговата визуелност и знаковност. Текстилната орнаментика во книгата е обработена во рамките на елементите на облеката, покуќнината и одредени сакрални предмети и тоа на неколку нивоа. Во фокусот на истражувањето, главно се наоѓаат предмети кои потекнуваат од средината на XIX век до средината на XX век, при што се споменати и некои примери од антиката и од средниот век.

Геометриските мотиви во македонската традиционална текстилна орнаментика – книга на проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова Read More »

НОВ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“

Со гордост објавуваме дека од печат излезе јубилејниот 80. број на списанието „Македонски фолклор“! Во овој број ќе имате можност да прочитате трудови кои беа презентирани на научниот собир „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“, како и неколку други статии и прилози.

Списанието „Македонски фолклор“ се публикува уште од 1968 година кога беше публикуван првиот број, а денес со бројот 80, го потврдуваме континуитетот во научно-истражувачката и издавачката дејност од областа на фолклорстиката!

НОВ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“ Read More »