Терминот „глас“ во етномузиколошката литература во Македонија и на балканскиот регион
Мелита Ивановска
ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје
https://orcid.org/0009-0008-2834-4880
Клучни зборови:
„глас“, етномузиколошка литература, пејачки модел, „мекам“
Апстракт:
Во трудот се осврнуваме на поимот глас во традиционалната вокална музика во Македонија и на неговата употреба во народната терминологија и во научното дефинирање. Поимот, кој означува мелодиска линија или пејачки модел на кој се изведуваат, најчесто, обредните песни, е длабоко вкоренет во локалната традиција и се јавува во различни контексти: лазарски или лазарички глас, водичарски глас, свадбарски глас и други. Преку анализа на достапната литература и на теренските снимки од различни региони во Македонија, во трудот се истражуваат значењата, локалните варијанти и можните синонимни термини, меѓу кои и мекам, присутен кај Македонците со исламска вероисповед. Целта е да се утврди дали поимот „глас“, во сите средини, ја задржува основната функција на музички модел, и да се осветли феноменот на неговото толкување во народниот и во научниот дискурс. Истражувањето настојува да придонесе кон појаснување на народната музичка терминологија и кон подлабоко разбирање на локалните концепции за музички модел и музички израз.
