Жанровски диференцијации меѓу пословицата како класичен фолклорен жанр и некои други кратки книжевни жанрови
Кристина Димовска
Клучни зборови:
жанровска диференцијација, фолклорни краткижанрови наспрема книжевни кратки жанрови, проект Лексикон на македонскиот фолклор, традиција наспрема современ пристап, пословица
наспрема максима
Апстракт:
Главниот акцент во трудов е ставен на пословицата како„најпопуларен“ (најпознат) и веројатно, најмногу истражуван кратокфолклорен жанр, кој најчесто фигурира во усна форма наспрема другинефолклорни, но слични по значење, кратки жанрови, кои се покнижевни,како што се: максимата, сентенцијата, велеризмот, цитатот и Марфиевитезакони. Идејата е да се покаже која е и каква е важноста од жанровскадистинкција и диференцијација, како и дефиниција на секој од овие жанровипосебно за да се согледаат не само сличностите меѓу нив, туку и разликите.Пословицата претставува кондензиран израз на колективната, народната итрадиционалната мудрост, чија јазична структура често вклучува архаизми,кои ја задржуваат историската меморија и прават таа да биде израз, вопоширока смисла, на едно време и на еден начин на мислење. За разлика однеа, книжевните кратки жанрови претставуваат индивидуализирани иавторски облици на мудри мисли во кои доминира критичката и аналитичкатаперспектива.
