Фолклорните корени на неколку фразеолошки изрази

Александра Гецовска
ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
https://orcid.org/0009-0008-9509-7138

Клучни зборови:

фразеолошки изрази, етимологија, фолклор

Апстракт:

Во овој труд се анализира историскиот развој и потеклото (етимологијата) на одредени фразеолошки изрази поврзани со фолклорот и верувањата. Целта е да се утврди потеклото, изворните значења и трансформациите на овие изрази низ времето, во македонскиот јазик. Преку анализата на лексичките компоненти и нивната семантичка еволуција, ги посочуваме конкретните значења кои постепено преминале во фигуративни изрази. Посебен акцент се става на изразите поврзани со преданија, пословици, обредни практики (сп. на куково лето, тура пепел, две леви раце итн.) кои откриваат слоеви чие потекло доаѓа од старите верувања. При истражувањето се потпираме на етимолошките речници, фолклорните и историските извори, а даден е и компаративен прилог со другите словенски јазици. Резултатите укажуваат дека голем дел од нив претставуваат јазични фосили што го зачувале старото културно наследство. Тие го покажуваат континуитетот, традицијата и способноста на јазикот да ги адаптира старите значења во нови контексти. Во трудот се открива улогата на фолклорот во историјата на фраземите и преку нивната анализа од етимолошки аспект се доаѓа до лексикографското решение1 .

Александра Гецовска