Функционалните и обликовните елементи во архитектурата, опремата и мобилијарот на македонските преродбенски цркви – дефиниција и етимолошка интерпретација
Емилија Апостолова Чаловска
ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
https://orcid.org/0009-0009-2346-2447
Клучни зборови:
поими, Преродба, базилики, монументална архитектура
Апстракт:
Преродбенската црковна архитектура во Македонија и на Балканот ја сочинуваат споменици кои по своите својства претставуваат типолошки, естетски-обликовно и конструктивно издвоена група, чија архитектура есенцијално се разликува од онаа што е карактеристична за сакралното градителство во претходните периоди. Во таа насока, во трудот се прави анализа и обид за дефиниција и етимолошко толкување на поимите кои се однесуваат на вообичаените составни просторно-волуменски и функционални елементи на преродбенската црковна архитектура, како и на стандардните елементи од нејзината вградена опрема и мобилијар.
