Игра, танц, оро и танец – дефинирање на термини поврзани со македонската орска традиција

Стојанче Костов
ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

https://orcid.org/0009-0007-9990-8631

Клучни зборови:

оро, игра, танц, танец, етимологија, терминологија

Апстракт:

Предмет на обработка во трудот ќе биде дефинирањето на термините игра, танц, оро и танец како термини поврзани со македонската орска традиција. Ќе се посвети внимание на анализа на примери на познати истражувачи од крајот на XIX, XX, како и почетокот на XXI век, кои се занимавале со детерминирање на одредени аспекти на орската традиција во балкански, но и во пошироки светски рамки. Анализата е направена од етимолошки, семантички, како и од културолошки аспект.

Стојанче Костов