„Мисирков ден“ (Скопје, 2025): по повод 120 години од списанието Вардар (Одеса, 1905)

Билјана Ристовска-Јосифовска
ЈНУ Институт за национална историја – Скопје
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
https://orcid.org/0000-0002-7533-5150

Апстракт:

Манифестацијата „Мисирков ден“, посветена на 120-годишнината од списанието Вардар (Одеса, 1905), се одржа на 18 ноември 2025 година, во организација на Институтот за национална историја во соработка со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Институтот за македонска литература. Настанот се организираше на иницијатива и во координација на проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и проф. д-р Лилјана Гушевска, а претставува продолжение на Тркалезната маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков“ (по повод 150 години од неговото раѓање), која се одржа на 18 ноември 2024 година, со идеја да се профилира Мисирков како научник и низ призмата на неговата разнородна академска дејност.

Билјана Ристовска-Јосифовска