Обредното молчење и обредната врева во македонската традиционална култура

Весна Петреска
ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

https://orcid.org/0009-0004-0263-9657

Клучни зборови:

обредно молчење, обредна врева, глас, македонска традиционална култура

Апстракт:

Обредното молчење и обредната врева се форми на поведение во определени временски периоди во различни сфери од живеењето во македонската традиционална култура. Обредното молчење се применува во периоди на неизвесност на индивидуата или колективот. Во традиционалната култура обредното молчење се применувало во различни обреди од животниот и календарскиот циклус, во обреди поврзани со стопанството и економијата, периодични обреди кои се применуваат во исклучителни случаи, на пример болести, епидемии, временски непогоди итн. Обредното молчење е обележје на дивиот и „оноземниот“, задгробниот свет. Спротивно на обредното молчење е обредната врева, бучава, односно гласот, што е ознака на овоземниот свет, светот на човекот. Обреди во кои е застапена обредната врева исто така се сретнуваат во обредите од животниот и календарскиот циклус, во обредите поврзани со стопанството и економијата, итн.

Весна Петреска