Архивот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ располага со мошне богата архивска граѓа со фолклорна и етнолошка содржина. Архивскиот аудио-материјал е снимен на над 4.000 магнетофонски ленти и касети, сместени  во соодветни дрвени кутии, кои пак се чуваат во специјални метални плакари. За секоја снимена аудио-лента постои и соодветна содржинска листа, а во најголем дел материјалот од овие аудио-ленти е и дешифриран, т.е. е преточен во текст отчукан на машина за пишување. Аудио-материјалот, пак, што е од доменот на музичкиот фолклор, покрај тоа што е дешифриран, во добар дел е и мелографиран, односно за вокалните, вокално-инструменталните и инструменталните изведби постои и нотен запис. Фонотечните материјали на Архивот на Институтот за фолклор се заштитени и со законска регулатива (ex-lege).

Скромниот фонд на видео-материјали од 50-ина видео-ленти се чува на видео-записи, кој во наголем дел за жал е без звучен запис, односно припаѓа на т.н. „неми филмови“. Овие видо-записи воглавно се од доменот на етнокореологијата, односно изведбата на народните ора, а делумно се и од доменот на етнологијата, односно изведбата на одредени обреди, односно обичаи.

Архивот на Институтот располага и со богата фототека, односно има неколку стотици фотографии, слајдови и развиени филмови со разни снимки од доменот на традиционалната култура кои го одразуваат секојдневниот, но и празничниот живот. На фотографиите, покрај мотиви од традиционалната архитектура и народните носии, можат да се забележат и моменти на изведување на некаков обред или пак на некаква општоселска прослава. Во архивот ма Институтот се чуваат и стотици цртежи во боја, направени на милиметарска хартија, на коишто најпрецизно се доловени мотивите од разните везови, како и од останатите апликации на традиционалната текстилна орнаментика.

Во депото на Институтот за фолклор, покрај споменативе артефакти од архивската граѓа, се чуваат и делови од традиционалните народни носии (кошули, саи, елеци, ракави, чорапи. марами, сокаи и др.), на кои можат да се забележат и мошне успешни везбени декорации, но и останатите техники на изработката на народните носии (ткаеници, плетила и сл.). Исто така, депото располага и со мошне интересна збирка на макети на обредни лебови изработени од гипс, а има извесен фонд и на предмети изработени од мајсторите-занаетчии кои изработувале предмети и со висок уметнички дострел, како што се некои изработки на копаничарите, кујунџиите, грнчарите итн.

Институтот располага и со извесен фонд на традиционални музички инструменти кои ги красат витрините сместени во подрумскиот дел. Разните кавали, шупелки, зурли, гајди, ќемениња, тамбури, сазови, канони и другите музички инструменти сместени во витрините на институтот го привлекуваат вниманието не само на етноорганолозите (истражувачите на народните музички инструменти), туку и на останатите посетители на депото на Институтот.

Благодарение на тригодишниот проект финансиран од Министерството за културана Република Македонија за идентификација и дигитализацијата на архивскиот фонд на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, се очекува добар дел од архивскиот материјал со кој располага Институтот во вид на каталог да биде достапен до научната и пошироката јавност, ако не во целост, тогаш барем содржинските листи со архивскиот материјал, дел од дешифрираниот и мелографираниот материјал, како и материјали од фототеката, аудиотеката (звучните записи) и кинотеката (видео-материјалите).

PDF File - Док.бр. 69 – Арслан свири на скалата – етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 70 – Свекрвино - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 71 – Марко коња коеше - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 72 – Јаника белограѓанка - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 73 – Куцаното - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 74 – Чамчето - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 75 – Старско оро - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 76 – Стара крстачка - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 77 – Мома оди за вода - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 78 – Дус - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 79 – Лилјанчице Лилјанова - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 80 – Пилето ми пее - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 81 – Елено моме - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 82 – Ајде сонце зајде - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 83 – Пуштеница - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 84 – Ајде со сакает голема свадба - етнокореолошки лист

PDF File - Док.бр. 85 – Нестинарско оро

PDF File - Док.бр. 86 - Ајдин

PDF File - Док.бр. 87 - Алеманда

PDF File - Док.бр. 88 - Балун

PDF File - Док.бр. 89 - Басданс

PDF File - Док.бр. 90 - Бигуине

PDF File - Док.бр. 91 - Болеро

PDF File - Док.бр. 92 - Бранле

PDF File - Док.бр. 93 - Буљба

PDF File - Док.бр. 94 - Буре

PDF File - Док.бр. 95 - Вербунко

PDF File - Док.бр. 96 - Волта

PDF File - Док.бр. 97 - Гавот

PDF File - Док.бр. 98 - Галоп

PDF File - Док.бр. 99 - Гаљарда

PDF File - Док.бр. 100 - Ганкино

PDF File - Док.бр. 101 - Гимнопедија

PDF File - Док.бр. 102 – Гопак

PDF File - Док.бр. 103 - Дајчово

PDF File - Док.бр. 104 - Дрмеш

PDF File - Док.бр. 105 - Дучец

PDF File - Док.бр. 106 - Естампида

PDF File - Док.бр. 107 - Жига

PDF File - Док.бр. 108 - Исламеј

PDF File - Док.бр. 109 - Јалео

PDF File - Док.бр. 110 - Јандалс

PDF File - Док.бр. 111 - Јараве

PDF File - Док.бр. 112 - Јоропо

PDF File - Док.бр. 113 – Јота

PDF File - Док.бр. 114 - Јурочка

PDF File - Док.бр. 115 - Кадрил

PDF File - Док.бр. 116 - Казачок

PDF File - Док.бр. 117 - Камаринскаја

PDF File - Док.бр. 118 – Канари

PDF File - Док.бр. 119 - Кароле

PDF File - Док.бр. 120 - Картули

PDF File - Док.бр. 121 - Коло

PDF File - Док.бр. 122 - Коломејка

PDF File - Док.бр. 123 - Контраданца

PDF File - Док.бр. 124 - Котиљон

PDF File - Док.бр. 125 - Краковјак

PDF File - Док.бр. 126 – Крижачок

PDF File - Док.бр. 127 – Куека

PDF File - Док.бр. 128 - Кујавјак

PDF File - Док.бр. 129 – Куранта

PDF File - Док.бр. 130 - Лезгинка

PDF File - Док.бр. 131 - Лендлер

PDF File - Док.бр. 132 - Линџо

PDF File - Док.бр. 133 - Лур

PDF File - Док.бр. 134 - Мазурка

PDF File - Док.бр. 135 - Менует

PDF File - Док.бр. 136 - Металица

PDF File - Док.бр. 137 - Молдовењаска

PDF File - Док.бр. 138 - Мореска

PDF File - Док.бр. 139 – Оберек

PDF File - Док.бр. 140 - Павана

PDF File - Док.бр. 141 - Палоташ

PDF File - Док.бр. 142 - Паскаља

PDF File - Док.бр. 143 - Пасамецо

PDF File - Док.бр. 144 - Пасапие

PDF File - Док.бр. 145 - Перепљас

PDF File - Док.бр. 146 - Пљаска

PDF File - Док.бр. 147 - Полонеза

PDF File - Док.бр. 148 - Полка

PDF File - Док.бр. 149 -Полска

PDF File - Док.бр. 150 - Рејдовак

PDF File - Док.бр. 151 - Ригодон

PDF File - Док.бр. 152 - Рил

PDF File - Док.бр. 153 - Романеска

PDF File - Док.бр. 154 – Р’ченица

PDF File - Док.бр. 155 - Салтарела

PDF File - Док.бр. 156 – Сарабанда

PDF File - Док.бр. 157 – Сардана

PDF File - Док.бр. 158 - Сборинка

PDF File - Док.бр. 159 - Сегедиља

PDF File - Док.бр. 160 - Скочна

PDF File - Док.бр. 161 - Соуседка

PDF File - Док.бр. 162 - Тарантела

PDF File - Док.бр. 163 - Тордион

PDF File - Док.бр. 164 - Трепак

PDF File - Док.бр. 165 - Увуванец

PDF File - Док.бр. 166 - Фанданго

PDF File - Док.бр. 167 - Фарандола

PDF File - Док.бр. 168 - Фуриант

PDF File - Док.бр. 169 - Фурлана

PDF File - Док.бр. 170 - Хабанера

PDF File - Док.бр. 171 - Халинг

PDF File - Док.бр. 172 - Хора

PDF File - Док.бр. 173 - Хота

PDF File - Док.бр. 174 - Чардаш

PDF File - Док.бр. 175 - Четворка