Контакт архив:
Архив и архивски материјали
Архивот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ располага со мошне богата архивска граѓа со фолклорна и етнолошка содржина. Архивскиот аудио-материјал е снимен на над 4.000 магнетофонски ленти и касети, сместени во соодветни дрвени кутии, кои пак се чуваат во специјални метални плакари. За секоја снимена аудио-лента постои и соодветна содржинска листа, а во најголем дел материјалот од овие аудио-ленти е и дешифриран, т.е. е преточен во текст отчукан на машина за пишување. Аудио-материјалот, пак, што е од доменот на музичкиот фолклор, покрај тоа што е дешифриран, во добар дел е и мелографиран, односно за вокалните, вокално-инструменталните и инструменталните изведби постои и нотен запис. Фонотечните материјали на Архивот на Институтот за фолклор се заштитени и со законска регулатива (ex-lege).
Скромниот фонд на видео-материјали од 50-ина видео-ленти се чува на видео-записи, кој во наголем дел за жал е без звучен запис, односно припаѓа на т.н. „неми филмови“. Овие видо-записи воглавно се од доменот на етнокореологијата, односно изведбата на народните ора, а делумно се и од доменот на етнологијата, односно изведбата на одредени обреди, односно обичаи.
Архивот на Институтот располага и со богата фототека, односно има неколку стотици фотографии, слајдови и развиени филмови со разни снимки од доменот на традиционалната култура кои го одразуваат секојдневниот, но и празничниот живот. На фотографиите, покрај мотиви од традиционалната архитектура и народните носии, можат да се забележат и моменти на изведување на некаков обред или пак на некаква општоселска прослава. Во архивот ма Институтот се чуваат и стотици цртежи во боја, направени на милиметарска хартија, на коишто најпрецизно се доловени мотивите од разните везови, како и од останатите апликации на традиционалната текстилна орнаментика.
Во депото на Институтот за фолклор, покрај споменативе артефакти од архивската граѓа, се чуваат и делови од традиционалните народни носии (кошули, саи, елеци, ракави, чорапи. марами, сокаи и др.), на кои можат да се забележат и мошне успешни везбени декорации, но и останатите техники на изработката на народните носии (ткаеници, плетила и сл.). Исто така, депото располага и со мошне интересна збирка на макети на обредни лебови изработени од гипс, а има извесен фонд и на предмети изработени од мајсторите-занаетчии кои изработувале предмети и со висок уметнички дострел, како што се некои изработки на копаничарите, кујунџиите, грнчарите итн.
Институтот располага и со извесен фонд на традиционални музички инструменти кои ги красат витрините сместени во подрумскиот дел. Разните кавали, шупелки, зурли, гајди, ќемениња, тамбури, сазови, канони и другите музички инструменти сместени во витрините на институтот го привлекуваат вниманието не само на етноорганолозите (истражувачите на народните музички инструменти), туку и на останатите посетители на депото на Институтот.
Благодарение на тригодишниот проект финансиран од Министерството за културана Република Македонија за идентификација и дигитализацијата на архивскиот фонд на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, се очекува добар дел од архивскиот материјал со кој располага Институтот во вид на каталог да биде достапен до научната и пошироката јавност, ако не во целост, тогаш барем содржинските листи со архивскиот материјал, дел од дешифрираниот и мелографираниот материјал, како и материјали од фототеката, аудиотеката (звучните записи) и кинотеката (видео-материјалите).
Дигитална Архива
ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА
МИХАИЛО ДИМОСКИ
Папка бр.2 - Народните ора и орската традиција во Штипско
Папка бр. 3 - Ора од репертоарот на Танец - описни записи на ора
- Црпи вода Јано
- Шопка
- Женско крстено
- Лисолај
- Глувонемо
- Помниш ли либе Тодоро
- Старотиквешко
- Копачка
- Невестинско
- Жетварки
- Крстачка
- Потрчулка
- Поступано
- Калајџиско
- Скудринка
- Арамиско
- Пембе
- Горноселско
- Беровка
- Ратевка
- Гајда
- Чучук
- Адана
- Тоска
- Грбач
- Пајдушка
- Црногорка
- Потрчано
- Драчевка
- Јени јол
- Орото почна
- Тропнало оро
- Баба Ѓурѓа
- Женско чамче
- Кавадарка
- Зетовско
- Беранче
- Ибраим оџа
- Осоговка
- Гајдарско
- Влеченото
- Повратено
- Тресеница
- Бувчанско
Папка бр.6 – Македонски народни ора од репертоарот на Танец – работен ракопис на книга
PDF File - Док.бр. 55 - Македонски народни ора од репертоарот на „Танец“- Увод, работен ракопис
PDF File - Док.бр. 56 – Македонски народни ора од репертоарот на „Танец“- ракописи на ора 1
PDF File - Док.бр. 57 - Македонски народни ора од репертоарот на „Танец“- ракописи на ора 2
PDF File - Док.бр. 58 - Македонски народни ора од репертоарот на „Танец“- ракописи на ора 3
PDF File - Док.бр. 59 - Македонски народни ора од репертоарот на „Танец“ – регистар на ора
Папка бр.16 – Етнокореолошки листови
PDF File - Док.бр. 69 – Арслан свири на скалата – етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 70 – Свекрвино - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 71 – Марко коња коеше - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 72 – Јаника белограѓанка - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 73 – Куцаното - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 74 – Чамчето - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 75 – Старско оро - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 76 – Стара крстачка - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 77 – Мома оди за вода - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 78 – Дус - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 79 – Лилјанчице Лилјанова - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 80 – Пилето ми пее - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 81 – Елено моме - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 82 – Ајде сонце зајде - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 83 – Пуштеница - етнокореолошки лист
PDF File - Док.бр. 84 – Ајде со сакает голема свадба - етнокореолошки лист
Папка бр. 17 - Народни игри - Европа, Азија, Америка – описни записи
PDF File - Док.бр. 85 – Нестинарско оро
PDF File - Док.бр. 87 - Алеманда
PDF File - Док.бр. 89 - Басданс
PDF File - Док.бр. 90 - Бигуине
PDF File - Док.бр. 91 - Болеро
PDF File - Док.бр. 92 - Бранле
PDF File - Док.бр. 95 - Вербунко
PDF File - Док.бр. 99 - Гаљарда
PDF File - Док.бр. 100 - Ганкино
PDF File - Док.бр. 101 - Гимнопедија
PDF File - Док.бр. 102 – Гопак
PDF File - Док.бр. 103 - Дајчово
PDF File - Док.бр. 104 - Дрмеш
PDF File - Док.бр. 105 - Дучец
PDF File - Док.бр. 106 - Естампида
PDF File - Док.бр. 108 - Исламеј
PDF File - Док.бр. 109 - Јалео
PDF File - Док.бр. 110 - Јандалс
PDF File - Док.бр. 111 - Јараве
PDF File - Док.бр. 112 - Јоропо
PDF File - Док.бр. 114 - Јурочка
PDF File - Док.бр. 115 - Кадрил
PDF File - Док.бр. 116 - Казачок
PDF File - Док.бр. 117 - Камаринскаја
PDF File - Док.бр. 118 – Канари
PDF File - Док.бр. 119 - Кароле
PDF File - Док.бр. 120 - Картули
PDF File - Док.бр. 122 - Коломејка
PDF File - Док.бр. 123 - Контраданца
PDF File - Док.бр. 124 - Котиљон
PDF File - Док.бр. 125 - Краковјак
PDF File - Док.бр. 126 – Крижачок
PDF File - Док.бр. 127 – Куека
PDF File - Док.бр. 128 - Кујавјак
PDF File - Док.бр. 129 – Куранта
PDF File - Док.бр. 130 - Лезгинка
PDF File - Док.бр. 131 - Лендлер
PDF File - Док.бр. 132 - Линџо
PDF File - Док.бр. 134 - Мазурка
PDF File - Док.бр. 135 - Менует
PDF File - Док.бр. 136 - Металица
PDF File - Док.бр. 137 - Молдовењаска
PDF File - Док.бр. 138 - Мореска
PDF File - Док.бр. 139 – Оберек
PDF File - Док.бр. 140 - Павана
PDF File - Док.бр. 141 - Палоташ
PDF File - Док.бр. 142 - Паскаља
PDF File - Док.бр. 143 - Пасамецо
PDF File - Док.бр. 144 - Пасапие
PDF File - Док.бр. 145 - Перепљас
PDF File - Док.бр. 146 - Пљаска
PDF File - Док.бр. 147 - Полонеза
PDF File - Док.бр. 148 - Полка
PDF File - Док.бр. 149 -Полска
PDF File - Док.бр. 150 - Рејдовак
PDF File - Док.бр. 151 - Ригодон
PDF File - Док.бр. 153 - Романеска
PDF File - Док.бр. 154 – Р’ченица
PDF File - Док.бр. 155 - Салтарела
PDF File - Док.бр. 156 – Сарабанда
PDF File - Док.бр. 157 – Сардана
PDF File - Док.бр. 158 - Сборинка
PDF File - Док.бр. 159 - Сегедиља
PDF File - Док.бр. 160 - Скочна
PDF File - Док.бр. 161 - Соуседка
PDF File - Док.бр. 162 - Тарантела
PDF File - Док.бр. 163 - Тордион
PDF File - Док.бр. 164 - Трепак
PDF File - Док.бр. 165 - Увуванец
PDF File - Док.бр. 166 - Фанданго
PDF File - Док.бр. 167 - Фарандола
PDF File - Док.бр. 168 - Фуриант
PDF File - Док.бр. 169 - Фурлана
PDF File - Док.бр. 170 - Хабанера
PDF File - Док.бр. 171 - Халинг