Научно-истражувачки проекти
Научно-истражувачки проекти (од 1996 до 2010):
Научно-истражувачката дејност на вработените во Институтот, покрај другите активности, особено доаѓа до израз и преку вклучувањето во научно-истражувачките проекти. Теренските истражувања, како и можностите за истражувања во разните научни, образовни, архивски, музејски, библиотечни и други институции кои располагаат со разна граѓа од областа на фолклористиката, етнологијата, етномузикологијата и ним сродните науки и научни дисциплини, кои ги овозможуваат учествата во научно-истражувачките проекти, се од особено значење за оформувањето на еден научен работник. Во последниве 20-ина години ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ се јавува како носител на 40-ина научно-истражувачките проекти, но за жал, во последниве 7-8 години финансирањето од страна на надлежното Министерство за образование и наука на научно-истражувачката дејност е сведена на минимум. Еве го прегледот на научно-истражувачките проекти финансирани од МОН, како на завршените заклучно со 2009 година, така и на оние кои сé уште не се финализирани, односно не се финансиски доисплатени.
Прозниот фолклор од крајот на ’60-те до крајот на ’80-те години на нашиот (ХХ) век
Македонско фолклорно наследство
Извори и материјали за проучување на фолклорот во Македонија од домашна и странска провиниенција
Македонски фолклорни материјали од Архивот на САНУ
Еротските елементи во народното творештво во Република Македонија
Градска инструментална традиција во Македонија
Современата состојба на фолклорот во Охридско-струшкиот регион
Структурата на симболите во обичаите, обредите, архитектурата и текстилот
Македонски фолклорни материјали од минатото
Народната песна на Муслиманите од Гора
Прозното народно творештво во Република Македонија
Вербална и невербална комуникација во сферата на социјалната и духовната култура во обичаите и верувањата
Типологизација на македонските народни приказни
Фолклорна и етнолошка граѓа од Македонија во архивите и научните институти во странство
Естетиката на епско-лирските творби во народното творештво од Република Македонија
Структурата на симболите во архитектурата, текстилот и применетата народна уметност
Градската инструментална музичка традиција
Современата состојба на фолклорот во Охридско-струшкиот регион
Интерферентни односи меѓу народното творештво и обичајната традиција
Фолклористички истражувања во интеркултурален контекст
Извори и граѓа за проучување на материјалната култура во Македонија
Нова фолклорна методологија
Фолклорното наследство и транзиционите процеси
Симболиката во содржините на кодираната интерпретација (од народни верувања до прозна нарација)
Традицијата и секојдневието
Традиции-идеологии-консеквенции:Аспекти на материјалната култура во Македонија
Урбан фолклор
Поетиката во прозното народно творештво
Жива фолклорна традиција
Антропоморфните елементи во македонската народна орнаментика и прозен фолклор, главен истражувач: д-р Ермис Лафазановски;
Фолклорни наративни теории исовремени пракси, главен истражувач: д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска;
Фолклорно наследство:истражување и дигитализавија, главен истражувач: д-р Катерина Петровска-Кузманова;
Помеѓу традицијата и современоста: етнолошко-фолклористичко истражување на народната култура, главен истражувач: д-р Весна Петреска;
Митолошките елементи во народното творештво, главен истражувач: д-р Јасминка Ристовска-Пиличкова;
Традиционална нарација во современи социокултурни интеракции, главен истражувач: д-р Клеанти Ановска;
Промените во календарската обредност по општествено-политичките настани од’90-ите години на XX век, главен истражувач: д-р Зоранчо Малинов;
Споредбени фолклористички истражувања, главен истражувач: д-р Актан Аго;
Улогата на жената во обредите, главен истражувач: д-р Родна Величковска;
Истражување на современата состојба на ромскиот фолклор во Р. Македонија, главен истражувач: д-р Трајко Петровски;
Етнологија на традиционалниот празник, главен истражувач: д-р Изаим Муртезани.