ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ освен за примарната научно-истражувачка дејност е регистриран и за вршење на активности од доменот на високообразовната дејност. Се јавува и како организатор на студии од втор циклус (последипломски, магистерски студии), а според законските регулативи што овозможуваа стекнување на научната титула доктор на науки само со одбрана на докторска дисертација, на Институтот се спроведоа и неколку одбрани ма докторски дисертации. Институтот има и статус на придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а со свој претставник е застапен и во Сенатот на оваа реномирана високообразовна институција.

 Започнувајќи од учебната 2008/09 година Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ се стекна соправото за организирање на студии од втор циклус (последипломски, магистерски) и докторски студии по фолклористика. На почетокот, студиите од втор циклус по фолклористика беа организирани според студиската програма за двегодишни (4-семестрални) студии, додека од учебната 2014/15 година тие се одвиваат според студиската програма за едногодишни (2-семестрални) студии (Студиска програма втор циклус – елаборат). Досега студиите од втор циклус (последипломски), според старата програма успешно ги завршија 9 студенти и се стекнаа со научната титула магистер по фолклористика.


магистри по фолклористика според двегодишната (4-семестрална) студиска програма:

            1. Ермаљ Мехмети (тема на магистерскиот труд: „Полифоното пеење кај Албанците во Република Македонија, со посебен осврт на преспанскиот регион“);

            2. Џенгис Ибрахим (тема: „Народниот музички инструмент баглама кај Турците во Македонија“);

            3. Тимко Чичаковски (тема: „Чалгиската традиција во Берово“);

            4. Сашо Митев (тема: „Народните музички инструменти и инструменталната традиција во Струмичко-радовишкиот регион“);

            5. Марко Петрушевски (тема: „Психоаналитичката фолклористика на Алан Дандес“);

            6. Рини Усеини (тема: „Албанските народни носии во Струшко“);

            7. Трајан Ристовски (тема: „Традициски верувања и обредна пракса околу раѓањето кај Овчеполците“);

            8. Зоран Џорлев (тема: „Ороводните песни како дел од македонската обредно-пејачка традиција“);

            9. Антонија Гугинска-Јорданоска (тема: „Традиционалната текстилна орнаментика во Скопска Блатија“).

  Според новата едногодишна (двосеместрална) студиска програма по фолклористика, која има два модули: 1. интермедијални студии по фолклористика и 2. фолклористичко истражување на културата со научната титула магистер по фолклористика се имаат стекнато двајца магистранти, а уште неколку се во фаза на изработка на магистерскиот труд или во завршната фаза на полагање на испитите предвидени со студиската програма. Раководител на студиите од втор циклус по фолклористика е проф. д-р Весна Петреска.

магистри по фолклористика според едногодишната (2-семестрална) студиска програма:

  1. Мелита Ивановска (тема на магистерскиот труд: „Обредната пејачка традиција кај Македонците со исламска религија во Долна Река“);
  2. Горан Василески (тема: „Женските обредни поворкиво Брсјачката етнографска целина“).

 Според законските норми коишто овозможуваа стекнување со научната титула доктор на науки само со изработка на докторска дисертација, досега на нашата институција успешно се одбранети 12 докторски дисертации и со научната титула доктор по фолклористика се имаат стекнато следниве докторанди:

доктори по фолклористика:

            1. Марија Кукубајска (тема на докторската дисертација: „Смртта и вечноста во народните приказни од САД и Македонија“);

            2. Лидија Чуковска-Робева (тема: „Ерминиите и македонската зографска традиција“);

            3. Благица Хаџи-Јовановска (тема: „Религиозните мотиви во македонската народна поезија“);

            4. Етхем Бајмак (тема: „Народните преданија кај Турците од Кососво и Македонија“);

            5. Јасминка Ристовска Пиличкова (тема: „Македонската традиционална текстилна орнаментика – класификација, типологија и семиотика на ликовните елементи“);

            6. Велика Стојкова-Серафимовска (тема: „Македонската вокална музичка традиција во процесот на општествената транзиција (од ’80-ите години на минатиот век до денес);

            7. Гоце Гавриловски (тема: „Фолклорот и неговата уметничка транспозиција во дел од симфониското творештво кај македонските композитори“);

            8. Гордана Вренцоска (тема: „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“);

            9. Стојанка Манева-Чупоска (тема: „Естетските и структуралните особености на македонските народни носии, со посебен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн“);

            10. Владимир Јаневски (тема: „Етнокореолошка класификација на ората во Македонија“);

            11. Есмије Весели (тема:„Фолклорните елементи во канонот на Лека Дукаѓини“);

            12. Беким Рамадани (тема:„Развојните патишта на албанскиот музички фолклор во Тетово и Тетовско“).

            Согласно законските прописи за организирање на студии од трет циклус (докторски студии), ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ од академската 2018/19 организира и студии од трет циклус (докторски студии) по фолклористика (Студиска програма трет циклус – елаборат). Докторските студии Раководител на студиите од трет циклус е проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска.
Табела структура на студиската програма.

Започнувајќи од учебната 2008/09 година Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ се стекна соправото за организирање на студии од втор циклус (последипломски, магистерски) и докторски студии по фолклористика. На почетокот, студиите од втор циклус по фолклористика беа организирани според студиската програма за двегодишни (4-семестрални) студии, додека од учебната 2014/15 година тие се одвиваат според студиската програма за едногодишни (2-семестрални) студии (Студиска програма – елаборат). Досега студиите од втор циклус (последипломски), според старата програма успешно ги завршија 9 студенти и се стекнаа со научната титула магистер по фолклористика.

Магистри по фолклористика според двегодишната (4-семестрална) студиска програма:

  1. Ермаљ Мехмети (тема на магистерскиот труд: „Полифоното пеење кај Албанците во Република Македонија, со посебен осврт на преспанскиот регион“);
  2. Џенгис Ибрахим (тема: „Народниот музички инструмент баглама кај Турците во Македонија“);
  3. Тимко Чичаковски (тема: „Чалгиската традиција во Берово“);
  4. Сашо Митев (тема: „Народните музички инструменти и инструменталната традиција во Струмичко-радовишкиот регион“);
  5. Марко Петрушевски (тема: „Психоаналитичката фолклористика на Алан Дандес“);
  6. Рини Усеини
  7. Трајан Ристовски (тема: „Традициски верувања и обредна пракса околу раѓањето кај Овчеполците“);
  8. Зоран Џорлев (тема: „Ороводните песни како дел од македонската обредно-пејачка традиција“);
  9. Антонија Гугинска-Јорданоска (тема: „Традиционалната текстилна орнаментика во Скопска Блатија“).

 Според новата едногодишна (двосеместрална) студиска програма по фолклористика, која има два модули: 1. интермедијални студии по фолклористикаи 2. фолклористичко истражување на културата со научната титула магистер по фолклористика се има стекнато еден магистрант, а тројца се во фаза на изработка на магистерскиот труд или во завршната фаза на полагање на испитите предвидени со студиската програма. Раководител на студиите од втор циклус по фолклористика е проф. д-р Весна Петреска.

Магистри по фолклористика според едногодишната (2-семестрална) студиска програма:

  1. Мелита Ивановска (тема на магистерскиот труд: „Обредната пејачка традиција кај Македонците со исламска религија во Долна Река“).

 Според законските норми коишто овозможуваа стекнување со научната титула доктор на науки со изработка на докторска дисертација, досега на нашата институција успешно се одбранети девет докторски дисертации и со научната титула доктор по фолклористика се имаат стекнато следниве докторанди:

Доктори по фолклористика:

  1. Марија Кукубајска (тема на докторската дисертација: „Смртта и вечноста во народните приказни од САД и Македонија“);
  2. Лидија Чуковска-Робева (тема: „Ерминиите и македонската зографска традиција“);
  3. Благица Хаџи-Јовановска (тема: „Религиозните мотиви во македонската народна поезија“);
  4. Етхем Бајмак (тема: „Народните преданија кај Турците од Кососво и Македонија“);
  5. Јасминка Ристовска Пиличкова (тема: „Македонската традиционална текстилна орнаментика – класификација, типологија и семиотика на ликовните елементи“);
  6. Велика Стојкова-Серафимовска (тема: „Македонската вокална музичка традиција во процесот на општествената транзиција (од ’80-ите години на минатиот век до денес);
  7. Гоце Гавриловски (тема: „Фолклорот и неговата уметничка транспозиција во дел од симфониското творештво кај македонските композитори“);
  8. Гордана Вренцоска (тема: „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“);
  9. Стојанка Манева-Чупоска (тема: „Естетските и структуралните особености на македонските народни носии, со посебен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн“);

 Согласно новите законски прописи за организирање на студии од трет циклус (докторски студии), ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ е во фаза за изготовка на елаборатот за студии од трет циклус по фолклористика, а за координатор за изработката на елаборатот е назначена проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска.

Директен линк то етичкиот кодекс:  Линк
Електронска адреса: etickakomisijaukim@ukim.edu.mk