Од занает до индустрија – креирање идеолошки и визуелен код преку македонската текстилна орнаментика во НР Македонија (1945 – 1958)
Јана Манева-Чупоска
Клучни зборови:
занaет, индустријализација, државни претпријатија,идеолошки, визуелен код
Апстракт:
Во трудот се анализира институционализацијата намакедонската текстилна орнаментика по Втората светска војна прекупримерот на формирање државни претпријатија и стручни совети, како штосе: „Државниот совет за занаети и художествени практики“ и претпријатието„Македонски фолклор“ од Скопје. Истражувањето ја разгледува динамикатамеѓу традиционалниот занает и социјалистичката индустријализација, сопосебен акцент на начинот на кој народниот вез и килимарството биле:селектирани, кодифицирани и репродуцирани во државен национален систем.Македонската текстилна орнаментика претставува еден од најконтинуиранитеи најкомплексните сегменти на традиционалната материјална култура. По1945 година, во услови на нова државна и идеолошка рамка, таа влегува вопроцес на институционална трансформација. Основната цел на овој труд е дасе покаже како традиционалниот занает – преку државни механизми – билпренасочен од рурално-семејна практика кон организиран, контролиранопроизводен систем со културна и со репрезентативна функција.Методолошки, трудот се потпира на: анализа на архивски правни документи;компаративна историско-културна анализа; визуелно-морфолошка анализа натекстилната орнаментика; и периодизација од традиционален занает досоцијалистичка индустрија. До средината на XX век, текстилнотопроизводство во Македонија се одвива обично во рамките на домашнотостопанство. Ткаењето и везењето биле дел од секојдневието, а орнаментотфункционирал како симболички јазик со регионални и со ритуални значења.Во периодот по 1945 година во НР Македонија започнува процес на забрзанаиндустријализација. Според економските анализи на развојот на текстилниотсектор, државата ја третира текстилната индустрија како приоритетна гранказа вработување и за модернизација. Овој процес создава јасна поделба меѓуиндустрискиот текстил (сериско, функционално производство) и рачноизработениот текстил (зачувување и репрезентација на традицијата).
