ОХРИД, 1900 година, низ фотографиите од експедицијата на Н.П. Кондаков во Македонија (изложба на фотографии)
Почитувани пријатели, ни претставува чест да ве поканиме на изложбата со наслов „Oхрид, 1900 година. Низ фотографиите од експедицијата на Н.П. Кондаков во Македонија“, која ќе се отвори на 19 јули, во 20 часот, во Куќата на Робевци, Охрид.Во оваа прилика, во Охрид, еден од најзначајните културни и духовни центри за македонскиот народ на преминот од XIX кон XX век, поставуваме селекција од 50-на драгоцени, ретки стари фотографии токму од Охрид, кои се дел од исклучително значајната колекција фотографии направени од научноистражувачката експедиција на руската академија на науките, предводена од Н. П. Кондаков, која престојувала во Македонија во 1900 година.Изложбата се реализира со поддршка од Министерството за култура, во рамки на годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2024 година.Особена благодарност до Министерството за култура и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, коо ги препознаа и поддржаа нашите заложби за промоција на Охрид и неговото богато културно-историско минато.