Дигиталните алатки како средство за зачувување на културното наследство

Катерина Петровска-Кузманова

Клучни зборови:

дигитални алатки, културно наследство, фолклористика, дигитални архиви, дигитализација

Апстракт: 
Новите дигитални технологии носат низа можности за поврзувањето на човекот со неговото културно наследство. Во текстот, фокусот ќе биде насочен кон културното наследство и можностите што ни ги даваат дигиталните алатки за неговата достапност и промоција. Во основата на овој текст лежат предизвиците што произлегуваат од вкрстувањето на хуманистичките науки со технологијата, за да се отворат нови насоки во пристапот кон традицијата. За таа цел, низ посебните елементи на овој процес, ќе ја согледаме врската меѓу фолклористиката и дигиталната сфера, за да укажеме на дигиталните алатки како моќно средство за поттикнување на истражувачите да создаваат и да споделуваат знаења. Во оваа насока исто така ќе се осврнеме на улогата на Дигиталната истражувачка инфраструктура за уметност и хуманистички науки (DARIAH-EU) и на Мрежата за европска соработка во науката и технологијата (COST), како на платформи, кои се значајни за обезбедување пристап до: податоците, алатките, услугите и теоретските и практичните достигнувања, кои им се потребни на истражувачите од хуманистичките науки во нивната работа.

Published: 11/2025

Катерина Петровска-Кузманова