Мајсторските тајфи и феноменот на функционална и на хиерархиска организација во традиционалниот градителски занает (поими, етимологија, толкувања)

Емилија Апостолова Чаловска
ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје
https://orcid.org/0009-0009-2346-2447

Клучни зборови:

мајсторски тајфи, хиерархија, поими, потекло, турцизми, архаизми

Апстракт:

Во трудот се осврнуваме на традиционалниот концепт на здружување на мајсторите градители во мајсторските тајфи, како еден одглавните фактори на извонредниот развој на градителството, достигнат во поволниот поширок општествено-економски контекст во преродбенскиот XIX век на Балканот. Покрај историската основа за организацијата и закласификацијата на мајсторските тајфи во традиционалното градителство, во трудот понатаму се издвојуваат поимите, кои се користеле за именување на членовите на мајсторските тајфи, во согласност со нивната хиерархиска природа, со осврт на етимологијата на конкретните поими и на нивното толкување.

Емилија Апостолова Чаловска