Осврт кон изложбата „Македонија во 1900 година. Фотографии од научната експедиција на Никодим Павлович Кондаков“
Емилија Апостолова Чаловска
ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје
https://orcid.org/0009-0009-2346-2447
Апстракт:
Во рамките на пригодните свечености со кои, во текот на минатата, 2025 година ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје прослави 75 години од своето основање, беше реализирана и изложбата под наслов „Македонија во 1900 година. Фотографии од научната експедиција на Никодим Павлович Кондаков“. Истовремено, со поставувањето на оваа изложба беа одбележани уште два значајни јубилеи. Првиот се однесува на 125 години од реализацијата (во летото 1900 година) на мошне значајната научноистражувачка експедиција на руската академија на науките во Македонија, во нејзините географски граници, предводена од академикот Никодим Павлович Кондаков (1844 – 1925). Вториот, пак, одбележува 100 години од неговата смрт, во 1925 година.
