Новости

Нова книга на проф. д-р Родна Величковска и проф. д-р Катерина Петровска-Кузманова

„Лазарската обредно-пејачка традиција во Македонија“ е насловот на најновата книга на проф. д-р Родна Величковска и проф. д-р Катерина Петровска – Кузманова во дигитално ЦД издание. Книгата ги обработува Женските обредни поворки претствуваат дел од традицијата во којaобредните дејства се во тесна врска со песната што ги следи. Тргнувајќи од нераскинливоста на оваа врска, во книгата ќе стане збор за лазарските поворки, при што акцентот на анализата е насочен кон нивната регионална распространетост, а нивните карaктеристики и значења се обработени од повеќе аспекти, при што најголемо внимание е посветено на: функционалната, текстуалната, изведбената и мелопоетската анализа на песните.

Геометриските мотиви во македонската традиционална текстилна орнаментика – книга на проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова

Од печат излезе книгата со наслов „Геометриските мотиви во македонската традиционална текстилна орнаментика – класификација, типологија и семантика“ од авторката проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова. Трудот е насочен кон орнаментиката на текстилот т.е. кон ликовните мотиви со кои, преку неколку технолошки постапки, биле дополнувани текстилните предмети и тоа поради остварување на неговата визуелност и знаковност. Текстилната орнаментика во книгата е обработена во рамките на елементите на облеката, покуќнината и одредени сакрални предмети и тоа на неколку нивоа. Во фокусот на истражувањето, главно се наоѓаат предмети кои потекнуваат од средината на XIX век до средината на XX век, при што се споменати и некои примери од антиката и од средниот век.

НОВ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОР“

Со гордост објавуваме дека од печат излезе јубилејниот 80. број на списанието „Македонски фолклор“! Во овој број ќе имате можност да прочитате трудови кои беа презентирани на научниот собир „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“, како и неколку други статии и прилози.

Списанието „Македонски фолклор“ се публикува уште од 1968 година кога беше публикуван првиот број, а денес со бројот 80, го потврдуваме континуитетот во научно-истражувачката и издавачката дејност од областа на фолклорстиката!