III Циклус 2021/22
III Циклус 2018/19
Според законските норми коишто овозможуваа стекнување со научната титула доктор на науки само со изработка на докторска дисертација, досега на нашата институција успешно се одбранети 12 докторски дисертации и со научната титула доктор по фолклористика се имаат стекнато следниве докторанди:
доктори по фолклористика:
1. Марија Кукубајска (тема на докторската дисертација: „Смртта и вечноста во народните приказни од САД и Македонија“);
2. Лидија Чуковска-Робева (тема: „Ерминиите и македонската зографска традиција“);
3. Благица Хаџи-Јовановска (тема: „Религиозните мотиви во македонската народна поезија“);
4. Етхем Бајмак (тема: „Народните преданија кај Турците од Кососво и Македонија“);
5. Јасминка Ристовска Пиличкова (тема: „Македонската традиционална текстилна орнаментика – класификација, типологија и семиотика на ликовните елементи“);
6. Велика Стојкова-Серафимовска (тема: „Македонската вокална музичка традиција во процесот на општествената транзиција (од ’80-ите години на минатиот век до денес);
7. Гоце Гавриловски (тема: „Фолклорот и неговата уметничка транспозиција во дел од симфониското творештво кај македонските композитори“);
8. Гордана Вренцоска (тема: „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“);
9. Стојанка Манева-Чупоска (тема: „Естетските и структуралните особености на македонските народни носии, со посебен осврт на мијачката носија и нивните трансформации во современиот моден дизајн“);
10. Владимир Јаневски (тема: „Етнокореолошка класификација на ората во Македонија“);
11. Есмије Весели (тема:„Фолклорните елементи во канонот на Лека Дукаѓини“);
12. Беким Рамадани (тема:„Развојните патишта на албанскиот музички фолклор во Тетово и Тетовско“).
Согласно законските прописи за организирање на студии од трет циклус (докторски студии), ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ од академската 2018/19 организира и студии од трет циклус (докторски студии) по фолклористика (Студиска програма трет циклус – елаборат). Раководител на студиите од трет циклус е проф. д-р Катерина Петровска-Кузманова.
Табела структура на студиската програма.