Од печат излезе книгата со наслов „Геометриските мотиви во македонската традиционална текстилна орнаментика – класификација, типологија и семантика“ од авторката проф. д-р Јасминка Ристовска Пиличкова. Трудот е насочен кон орнаментиката на текстилот т.е. кон ликовните мотиви со кои, преку неколку технолошки постапки, биле дополнувани текстилните предмети и тоа поради остварување на неговата визуелност и знаковност. Текстилната орнаментика во книгата е обработена во рамките на елементите на облеката, покуќнината и одредени сакрални предмети и тоа на неколку нивоа. Во фокусот на истражувањето, главно се наоѓаат предмети кои потекнуваат од средината на XIX век до средината на XX век, при што се споменати и некои примери од антиката и од средниот век.