Почитувани пријатели, со особено задоволство објавуваме дека зборникот на трудови „Фолклорот и етнологијата на Кривопаланечко“ излезе од печат!
Во овој зборник всушност се содржани текстови од научноистражувачкиот проект „Современата состојба со фолклорот во Кривопаланечко“ (1986-1988), во кој учествувале Татјана Жежељ Каличанин, Верица Станковиќ, Ѓорѓи М. Ѓорѓиев, Светлана Георгиева, Боривоје Џимревски, Ѓорѓи Здравев и Анета Светиева.
Нашите колеги проф. д-р Зоранчо Малинов, проф. д-р Весна Петреска и проф. д-р Ермис Лафазановски, во вториот дел од зборникот имаат свои текстови од теренските истражувања во 2000 година и од учество во други научноистражувачки проекти кои се однесуваат на Кривопаланечко.
Изданието е финансирано со средства од Министерството за култура и туризам на РС Македонија.