Зборник на трудови „Фолклорот и етнологијата на Кривопаланечко“

Во овој зборник се содржани текстови од научно-истражувачкиот проект „Современата состојба со фолклорот во Кривопаланечко“ (1986-1987), во кој учествувале Татјана Жежељ Каличанин, Верица Станковиќ, Ѓорѓи М. Ѓорѓиев, Светлана Георгиева, Боривоје Џимревски, Ѓорѓи Здравев и Анета Светиева. 

Нашите колеги проф. д-р Зоранчо Малинов, проф. д-р Весна Петреска и проф. д-р Ермис Лафазановски, во вториот дел од зборникот имаат свои текстови од теренските истражувања во 2000 година и од учество во други научно-истражувачки проекти кои се однесуваат на Кривопаланечко. 

Изданието е финансирано со средства од Министерството за култура и туризам на РС Македонија.