На 28.08.2025 година (четврток), во рамките на XVII „Меѓународен конгрес на слависти во Париз“, ќе биде претставена работата на „Комисијата за фолклористика“, чиј член е нашата колешка проф. д-р Лидија Стојановиќ.
Состанокот ќе се одржи во комбиниран режим – во живо (Centre Malesherbes de Sorbonne Université, salle 207) и on line преку платформата ZOOM.
На средбата ќе се презентира работата на Комисијата во периодот 2018-2025 година и ќе се разговара за плановите за активности во наредниот период.
Дознајте повеќе на линкот подолу каде што ќе можете да ја прочитате комплетната програма на „Меѓународен конгрес на слависти во Париз“.