На 17.08.2025 година, во рамки на XV Фестивал на народна култура „Пображење“ – Вевчани, се одржа трибина на тема „Традиционалната култура денес: перспективи на новата генерација истражувачи“ на која учествуваа дел од нашите колеги со свои излагања.
Се одвиваа корисни и многу потребни дискусии, се разменија искуства, се споделија идеи за понатамошни проекти, сѐ со цел подобрување и продлабочување на знаењата и перспективите на новата генерација истражувачи.
Благодарност до КУД „Дримкол“ – Вевчани за гостопримството и можноста за соработка со нашиот институт, која се надеваме дека ќе продолжи и во иднина.