На последната седница на Претседателството на Комисијата за фолклористика на Меѓународниот комитет на слависти одржан на 18.06.2025, Проф. Лидија Стојановиќ е избрана за нејзин член поради заслугите во меѓународното промовирање на македонската фолклористика. Целта на оваа комисија е поттикнување на истражувањата на следните начини: создавање експертска мрежа околу групата, предавања и лични представувања на членовите, информирање за сопствените и заеднички научни резултати и трудови, промовирање на работата на групата и целата нејзина област на делување кон пошироката публика, создавање на основни списоци на препорачани извори и литература итн. Ова е голем успех за Инситутот за фолклор „Марко Цепенков“, но пред се’ за македонската фолклористика. Со почетокот на следната академска школска година (2025/2026) ќе продолжат активностите во насока на интензивна соработка и промоција на нашата наука во меѓународниот словенски свет. На линкот можат да се видат досегашните активности https://slavika.org/folklor/ .